ТАБАНОВЦЕ (AA) - Транцитниот центар за бегалци на северниот македонски граничен премин Табановце е полн со бегалците од Авганистан, како и со бегалците од Сирија и Ирак кои се во помал број. Авганистанските бегалци и денеска остануваат заглавени на македонскиот северен граничен премин, бидејќи не им се дозволува поминување во територијата на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата во транзцитниот центар во Табановце е мирна, но имаме повеќе луѓе од вообичаеното, посебно Авганистанци, вели Арен Шакир, кој е дел од теренската екипа на УНХЦР во Табановце.
"Моментално имаме повеќе луѓе од вообичаеното, околу 720 луѓе имамо во кампот, повеќето се од Авганистан, а имаме бегалци од Ирак и од Сирија.Очигледно дека имаат предизвик со комплетирање на сите документи коишто им требаат за да го продолжат патот, затоа се наоѓаат тука. Комесаријатот за бегалци работи со полицијата, со Центарот за управување на кризи, со граничната полиција, со Министерството за труд и социјална политика,за да им се овозможи понатамошен пат", рече Шакир во разговор за Anadolu Agency (AA). Тој вели дека и денеска бегалците од Авганистан остануваат во транзитниот центар во Табановце, бидејќи ги враќаат од српскиот граничен премин, поради како што велат, некомплетните документи за патување.
"Тоа прашање моментално се решава од институциите на државата, на бегалците им недостасува грчкиот документ, моментално треба да го добијат пред да го продолжат патот до Србија, највероватно ќе треба да се вратат во Грција, да го добијат документот за да го продолжат патот", објаснува Шакир.
Дозволите за азил на бегалците од Авганисан кои според законот важат 72 веќе се истечени, а активистите кои се на терен се обидуваат да им ги обезбедат сите потребни, но поради се поголемиот број на бегалци кои подолго се задржуаваат во кампот тоа станува се потешко.
- Авганистанските бегалци порачуваат: Бараме да се отворат и за нас граничните премини кон север. И ние сме луѓе
Во кампот во Табановце е младиот Ромин (24) од Авганистан. Вели дека повеќе дена е во овој транзитен центар бидејќи Србија не им дозоволува да ја поминат нивната граница.
"Не ни овозможуваат да ја поминеме границата. Не знам зошто го прават ова, зарем ние не сме луѓе. Мислам дека не ја знаат вистинската состојба во Сирија и немаат нови информации во врска со настаните во нашата земја. Сега сме во многу лоша состојба", раскажува Ромин, изразувајќи жалење за состојбата, поради тоа што се загрозени голем број на луѓе кои престојуваат во тешки услови.Тој бара разбирање од релевантите институции со цел да им се овозможи слободно да продолжат да патуваат кон земјите од Западна Европа.
"Околу мене гледам луѓе со деца, жени, болни луѓе. Верувајте, ситуацијата во Авганистан од ден во ден е полоша. Ние само бараме од ОН, УНИЦЕФ и луѓето што се надлежни во оваа ситуација, да ги разберат нашите услови и ситуацијата во која се наоѓаме", рече Ромин во разговор за AA.
Ненадејното подолготрајно престојување во едно место, во неможност да го продожи својот пат кон земјите на ЕУ лошо влијае на здравствената состојба на Зејнеп (43) од Авганистан, која боледува од дијабетес.
"Имам проблеми со дијабетесот, моето тело тешко го поднесува ова. Местото каде спијам не е соодтветно за мене, немам лекови, а храната која ја добивам лошо влијае врз моето здравје бидејќи содржи многу шеќери", раскажува Зејнеп, додавајќи дека хуманитарните организации присутни на теренот се обиделе да и помонат но сепак тоа било без поголем успех.
Помеѓу бегалците од Авганистан, може да се забеежи голем број на млади луѓе. Тие објаснуваат дека избегале од нивната земја поради тешката безбедносна состојба.
"Таму има Талибанци, ДАЕШ и многу други вооружени групи коишто се борат, немаме мир. Секој војува против секого. Не можеме да се бориме. Сакаме да отидеме било каде, каде што ќе не примат", вели Хасан од Авганистан објаснуваќи за состојбата во неговата земја, додавајќи дека храната и облеката која ја носат со себе ја добиле од хуманитарните организации.
Претставниците на невладините организации присутни на теренот информираат дека сеуште останува неизвесно дали на бегалците од Авганистан ќе им биде овозможено да го продолжат своето патување.
news_share_descriptionsubscription_contact
