Kristina Maslareviç
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
БЕЛГРАД (AA) – За време на состанокот со генералниот секретар на Организацијата на договорите за колекктивна безбедност , Николај Борѓуз, претседателот на Србија Томислав Николиќ рече дека „Србија е воено неутрална земја и дека нема да пристапи кон ниту еден воен сојуз", јавува Anadolu Agency.
Николиќ додаде дека Србија е отворена за соработка со сите за да ги заштити личните интереси и ефикасно да им се спротистави на сите безбедносни предизвици кои ги донесуваат модерните времиња.
Изразувајќи задоволство поради воспоставување на цврстата соработка помеѓу Србија и ОДКБ, Николиќ истакна дека таа соработка може значително да придонесе кон развојот на наменската индустрија во Србија, дури и создвање заеднички производи за трети пазари како и дека очекува во што поскоро време да се конкретизираат модалитетите на унапредување на соработката помеѓу Србиј и ОДКБ.
„Во интерес на Србија е да развива добри односи со ОДКБ, како што и е во интерес да развива добри односи и со НАТО, но во исто време со ништо да не ја нарушува својата неутралност, рече претседателот на Србија Томислав Николиќ, на состанокот со генералниот секретар на Организацијата на договорите за колекктивна безбедност“ , рече Николиќ, наведено е во соопштението на Службата за медиуми на претседателот на Србија.
Николај Николаевич Борѓуз, заблагодарувајќи се на повикот на Николиќ да ја посети Србија, рече дека сега многу попрецизно ги разбира предизвиците со кои Србија се соочува како и дека со самото тоа е јасно во кои сфери ОДКБ може да и помогне.
Според соопштението, Борѓуз предложи почеток на упаредување на соработката во размена на информации помеѓу безбедносните служби и додаде дека смета дека тоа би било интересно за српските безбедносни структури.