Zülfiya Yakup
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) – Канцеларијата на Европската унија на Косово денес во Приштина организираше конференција по повод лансирање на проектот за спарување “Понатамошна поддршка на правните реформи на обазованието на Косово”, јавува Anadolu Agency (AA).
Корисник на овој проект е косовскиот институт за правосудтсво (КИП), додека партнерски земји се Германија и Холандија. Проектот е финансиран од страна на ЕУ и со него управува Канцеларијата на ЕУ во Косово.
Вршителот на должности на директорот на Косовскиот институт за правосудтсво, Бесим Морина, изјави дека целта на овој проект е зајакнување на правата на владеење на Косово низ подобрување на правното образование, а со обуката ќе бидат опфатени сите вработени во правосудството.
“Овој проект на спарување има надлежност да се занимава со две компоненти, од кои првата се однесува на подигање на капацитетот за Обука на Косовскиот институт за правосудтво, а втората компонента се однесува на подигање на управувачкиот капацитет, вклучувајќи го менаџментот на косовскиот институт и обука за стратешко планирање", рече Морина.
Овој проект како компонента ја има и поддршка за трансформација на Косовскиот институтот во Академија за правда. Тој процес веќе e започнат и Владата на Косово го усвои законот кој треба да биде усвоен во Собранието на Косово.
Проектот ќе трае 30 месеци во чии активности добитници ќе бидат судиите и обвинителите, вклучувајќи ги и останатите вработени во судовите и обвинителствата” изјави Морина.
Претставникот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Кристоф Шток истакна дека овој проект е фокусиран на судскиот персонал низ пружање на обуки прилагодливи на нивните секојдневни потреби.