Ekipa
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АТИНА (АА) - Властите во Грција ја прекинаа депортацијата на мигранти во Турција, задржувајќи ги мигрантите кои се наоѓаат на грчките острови поради тоа што поднеле барање за азил, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската унија започна да ги враќа мигрантите во понеделникот врз основа на договорот што беше постигнат со Турција. Сепак, во вторникот според планот нема никаква депортација.
Марија Ставропулос, директор на Грчката азилска служба, за државната телевизија изјави дека околу 3.000 луѓе се наоѓаат во камповите за депортација на островите и дека сите тие поднеле барање за азил.
Таа додаде дека постапката за решавање на барањата за азил обично трае околу три месеци, но тоа ќе се забрза за лица кои се во притвор.