Kristina Maslareviç
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ, во согласност со Уставот, ги предаде денеска предлог-одлуките за избор на Владата на претседателот на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ, која свика седница на Собранието со дневен ред - Избор на новата Влада за вторник во 14 часот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Владата која треба да ја избереме следните денови треба да биде влада на напредок, просперитет и токму во согласност со тоа се однесуваме, и во согласност со тоа носевме одлуки. Најдобар начин да успееме во тоа е да се комбинираат свежината со искуство, со посветеноста кои некои веќе ја покажаа, и јас сум сигурен дека сите предложени министри ќе дадат сè од себе за да ја исполнат оваа цел”, рече премиерот.
Запрашан за тоа што ново донеле изборите, со оглед дека српската влада ќе има ист број на сектори и повеќе министри од претходната Влада, Вучиќ рече: „Изборите донесоа многу новитети. Тие донесоа мир и стабилност во Србија”, изјави Вучиќ.
На утрешната седница на Собранието на Србија, Вучиќ ќе го положи експозето и усмено ќе го изложи составот на Владата, по што следува дискусија на пратениците, а потоа положување заклетва на мандаторите и членовите на новата Влада.
Новата српска Влада ќе има 18 министри, од кои тројца се без ресор, Јадранка Јоксимовиќ, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ и Милан Кркобабиќ.
Душан Вујовиќ ќе продолжи да го води Министерството за финансии, а Горан Кнежевиќ ќе го преземе Министерството за економија. Бранислав Недимовиќ ќе биде министер за земјоделство и животна средина, Нела Kубуровиќ министерка за правда, Ана Брнабиќ министерка за државна администрација и локална самоуправа, Зоран Ѓорѓевиќ го презема Министерството за одбрана. Александар Антиќ го задржува своето Министерство за енергетика и рударство, новиот министер за образование и наука ќе биде Младен Шарчевиќ а министер за здравство продолжува да биде Златибор Лончар.
Александар Вулин и Вања Удовичиќ ги задржуваат своите министерства, додека на чело на Министерството за култура и информации доаѓа Владан Вукосављевиќ.
Ивица Дачиќ, претседател на СПС, ќе биде првиот заменик-премиер, а меѓу потпретседателите се Небојша Стефановиќ, Зоран Михајловиќ и Расим Љајиќ, кои ги задржаа и министерствата кои до сега ги водеа.