Ekipa
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Телеграми со сочуство и солидарност со Македоснките власти, во текот на денешниот ден, испратија голем број на политичари и функционери од регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, преку пораката испратена до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, изрази сочувство за жртвите, повредените и за штетите предизвикани од поплавите во Македонија.
"Ги следевме со голема загриженост вестите за жртвите, повредените и големата материјална штета од поплавите предизвикани од силниот ветар и поројните дождови во одредени населби и села во Скопје. Со длабока тага изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, и до вас граѓаните на Скопје и цела Македонија и ве уверувам дека во овие тешки мигови јас и албанскиот народ сме покрај вас и покрај Владата на Република Македонија", се вели во пораката на Нишани, објавена од страна на прес-службата на Претседателствотона Албанија.
Во меѓувреме, телеграми со сочувство и солидарност со македонските власти, исто така упатија и премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Собранието, Илир Мета.
Телеграма со сочуство до претседателот Иванов, испрати и Претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.
„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот биланс од поплавите, предизвикани од големото невреме, кое во вашата земја ги чинеше живот десетици граѓани. Сликите од Скопје нè потсетија на состојбата во Босна и Херцеговина од 2014 година. Во име на Претседателството на Босна и Херцеговина и во мое име, Ви упатам длабоко сочувство. Со искрена солидарност на народot на Босна и Херцеговина, испраќаме желби за успех на сите спасувачки екипи на терен. Ве молиме нашето најискрено сочувство пренесете го до семејствата на настраданите”, стои во телеграмата со сочувство на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ.
Телеграма со сочуство до Иванов по завчерашното невреме во кое животот го загубија 21 лице, испрати и Српскиот претседател Томислав Николиќ: "Со голема тага ја примивме веста за трагичната загуба на многу човечки животи во силното невреме што ја погоди вашата земја. Во име на граѓаните на Република Србија и во свое име, ви изразувам длабоко сочувство. Со искрено жалење и сочувство ја делиме болката на семејствата кои ги загубија своите најблиски. На повредените од големата природна катастрофа, им посакувам брзо закрепнување. Српските граѓани во овие тешки моменти за вашата земја, се солидарни со пријателскиот народ на Република Македонија", се вели, меѓу другото, во писмото до претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Помош за справување со последиците од невремето во Скопско и во Тетовско во Македонија, до сега понудиле бројни пријателски држави.
Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото соседство како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понуда за помош се уште пристигнува, информираат од Министерството за надворешни работи.
Македонија викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија, при што животот го загубија 21 лице а над 70 се повредени. Владата на Република Македонија денеска прогласи и ден на жалост.
Силите на Министерството за внатрешни работи и АРМ, заедно со Црвениот крст и граѓани-волонтери сеуште се на терен и работат на расчистување на теренот. Воедно, започнати се бројни хуманитарни акции за оштетените семејства.