Kristina Maslareviç
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - Владата на Србија ќе продолжи да се бори за остварување на европските вредности, рече денеска мандаторот на новата Влада на Србија, Александар Вучиќ, и додаде дека не постои можност за одржување на референдум за европскиот пат на Србија, јавува Anadolu Agency.
Како што наведе на работниот ручек на Американската стопанска комора во Србија, новата Влада на Србија, со својата програма, одговорност и одлучност ќе биде на европскиот пат, а оние кои, како Велика Британија, и во Србија сакаат да има референдум за влез на Србија во Европската унија, им порача да почекаат четири години, да победат на изборите, па тогаш да го организираат.
„Ќе бидеме на европскиот пат и кај нас нема да има референдум“, рече Вучиќ.
Зборувајќи за рокот за формирање на нова Влада, Вучиќ изјави дека тоа не може да се прецизира, но рече дека новинарите ќе бидат информирани три дена пред таа да биде формирана.
„Кога владата ќе биде формирана, ќе дознаете три дена пред формирањето, бидејќи тогаш ќе упатам предлог до Собранието“, рече Вучиќ и додаде дека сето тоа ќе се случи во склад со законските рамки.