Diyar Güldoğan
28 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
РАМАЛАХ (AA) – Министерот за надворешни работи на Палестина Ријад ал-Малики го поздрави договорот за нормализација на односите помеѓу Турција и Израел кои беа затегнати од 2010 година, јавува Anadolu Agecny (AA).
„Задоволни сме со договорот на Турција и Израел. Нагласуваме дека турските напори кон Газа треба да се спроведуваат преку палестинската влада",рече Ал-Малик за палестинскиот државен радио.
Ал-Малики рече дека владата на Палестина ги поздрави турските напори за пружање на помош на Газа и деблокада на Појасот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во понеделник дека со посредство на Турција во Газа ќе може да се достават основните животни намирници како што се храна, лекови и материјал за изградба на стамбените единици.
Пред Бајрам во Газа ќе доставиме храна, обувки и облека и слични потреби, во тежина од 14 илјади тони. Тоа со брод ќе биде транспортирано од Мерсин кон Газа", рече Ердоган.
Делегацијата на Турција и Израел вчера во Рим во рамките на преговорите за нормализација на односите постигна договор и го парафираа неговиот текст. Наскоро ќе бидат воспоставени и службени односи и ќе бидат извршени именувања на амбасадори на двете страни.
Односите помеѓу Турција и Израел се прекинати по израелскиот напад на хуманитарниот брод Мави Мармара на 31 мај 2010 година.