Nour Mahd Ali Abuaisha,Ekrem Biçeroğlu
19 Септември 2024•Ажурирај: 19 Септември 2024
ГАЗА (АА) - Во израелските напади врз различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа убиени се 34 Палестинци, од кои девет деца, известува Анадолу.
Махмуд Басал, портпарол на Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа, во писмена изјава сподели информации за актуелните напади од Израел.
Басал изјави дека 34 Палестинци, од кои девет деца, се убиени во нападите извршени од Израел во последните 24 часа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година убиени се повеќе од 41.272 Палестинци, од кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени, а 95.551 лице се повредени.
Огромни делови од Појасот Газа се наоѓаат во урнатини, со разорена и уништена инфраструктура на палестинската енклавата, а населението на Појасот Газа е принудено внатрешно да се расели, што предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.