Ekipa
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Агенцијата за статистика на ЕУ (Евростат) соопшти дека земјите на Унијата во 2015 година одобрија азил за повеќе од 330.000 лица, од вкупно милион кои на Стариот континент пристигнаа во потрага за подобар живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Евростат денес наведе дека за 330.350 лица е одобрена меѓународна заштита, при што зголемувањето е за 72 отсто во однос на 2014 година. Околу половина од нив, 166.100 се сириски државјани, додека 27.600 пристигнаа од Еритреја, а 23.700 од Ирак.
Поголем број барања за азил одобрија Германија, Франција, Шведска и Италија. Дури 60 отсто од одобрениот азил во Германија се однесува на Сиријците.
Евростат не прецизираше за одобрени азили се предадени апликации пред 2015 година, ниту колку апликации од минатата година се во процес на решавање.