Zülfiya Yakup
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Мисијата на ОБСЕ во Косово денес потврди дека ќе ја спроведе операцијата за собирање на гласови во Косово за парламентарните избори на Србија кои ќе бидат одржани на 24-ти април, пренесува Anadolu Agency (АА).
”Мисијата на ОБСЕ на Косово сака да потврди дека ќе ја спроведе операцијата на собирање гласови на Косово, која ќе им овозможи на гласачите со право на глас, пристап на српските парламентарни избори на 24-ти април 2016 година”, се наведува во соопштението.
Се додава и дека Мисијата моментално ги планира сите оперативни детали и ќе ја информира јавноста во склад со тоа.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, претходно изјави дека во Косово нема да бидат одржани парламентарни избори, туку ќе постојат центри за собирање на гласови во организацијата на ОБСЕ.
Мустафа рече дека државјаните на Србија ќе можат да гласаат и во Косово, врз основа на принципот на двојно државјанство.
Мисијата на ОБСЕ ја имаше истата улога на српските општински избори и во 2014 година, а гласањето тогаш беше објавено во десет центри на српските средини на Косово.
Пребројувањето на гласовите беше објавено во Србија.