Ekipa
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Министерството на внатрешни работи на Германија соопшти дека во мај се примени 55.259 барања за азил, воглавно од државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој број претставува зголемување од 113 отсто во однос на истиот период минатата година. Но, големиот број барања за азил се делумно поради каснење на формалното поднесување на пријавите од страна на мигрантите кои доаѓаат во Германија.
Минатата година германските власти регистрираа пристинување на 1,1 милион луѓе кои тврдеа дека бегаат од војната или прогонот. Кон крајот на 2015 година, доаѓаа по стотина илјади мигранти месечно.
Бројот на нови доаѓања во последните неколку месеци е намален поради затворањето на границите во југоисточна Европа и Турција.
Министерството за внатрешни работи денес објави дека во мај во Германија влегле 16.281 азиланти.