Hasan Esen
07 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, упати порака за поддршка на Турција, по утринскиот терористички напад во центарот на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаната изјава на портпаролот на Федерика Могерини, се наведува дека во Турција уште еднаш е извршен терористички напад, во кој загинаа и повредени се повеќе лица.
По тој повод, упатено е сочуство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад, а на повредените желба за побрзо закрепнување.
Како ЕУ сакаме повторно да ја искажеме нашата поддршка на Турција, владата и народот, и да ја потврдиме нашата заедничка посветеност за борба против глобалните опасности на тероризмот, се наведува во соопштението.