Selçuk Acar
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во трката за претседателски кандидат од редот на Демократите, синоќа во сојузната држава Њујорк победата ја славеше поранешната шефица на дипломатија, Хилари Клинтон, а по објавата на резултатот, за прв пат како претседателски кандидат се обрати на американската јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на демократските избори во Њујорк приредена е прослава по повод победата на Клинтон, во хотелот Шератон на Тајмс Сквер.
Клинтон се заблагодари на своите гласачи кои ја подржаа во трката за претседателски кандидат и за прв пат се обрати во јавноста како претседателски кандидат, иаку конечната кандидатура нема да биде до јули.
Остро критикувајќи ја реториката и политиката на потенцијалните ривали од редот на Републиканска партија, Доналд Трамп и Тед Круз, Клинтон рече дека својата политичка кариера ќе ја продолжи со борба за рамноправност на жените, решавање на мигрантското прашање, малцинство, загадување на околината, дискриминација, социјална неправда, насилство и реформи во прашањата за поседување оружја во САД.
"Трамп и Круз имаат опасни визии за водење на државата. Заканите со депортација и обесправување на муслиманите се спротивни од вредноста наследена на САД. Трамп и Круз имаат целосно различна визија за вредноста", изјави Клинтон.
На победничката прослава во Њујорк присуствуваа нејзиниот сопруг и поранешен претседател на САД, Бил Клинтон, и нивната ќерка Челзи Клинтон со сопругот Марк Мезвински.
Внатрепартиските трки за претседателки кандидат се продолжуваат на 26 април на изборите во сојузните држави Конектикат, Пенсилванија, Делавер, Род Ајленд и Мериланд. По завршувањето на изборите во државите, демократите и републиканците изборниот процес за претседателски кандидат ќе го завршат на партиските конгреси во јуни и јули.
За избор на претседателски кандидат од редот на демократите потребно е да се соберат 2.383 делагатски гласа. Моментално Клинтон има 1.893 гласа, спротивно од опонентот Сандерс кој има 1.180 гласа.
Во Републиканската партија моментално води Трамп со собрани 845 делегати а по него следат Круз со 559 и гувернерот на Охаја, Џон Кејсик со 147 делегати
Националниот конгрес на Републиканските партии се најавен за 18 јуни во Клевеланд, додека конгресот на Демократските партии ќе биде одржан на 25 јули во Филаделфија.