Aybala Arpacı
09 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешнатa државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, како прва жена кандидат за претседател на државата, заедно со републиканскиот кандидат, бизнисменот Доналд Трамп, инаку кандидат за претседател без претходна политичка кариера, се двајцата ривали кои ги елиминираа останатите конкуренти во трката за претседател на САД на едни од најконтраверзните избори кои треба да се одржат оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Предизборниот процес за идните 58-ми по ред претседателски избори, кои ќе се одржат на 8-ти ноември во САД, започна на 1-ви февруари во државата Ајова, и истиот ќе заврши на 14-ти јуни во Вашингтон.
Предизборната трка меѓу Клинтон и Трамп, кои на Конгресот на демократите, односно Конгресот на републиканците, ги освоија потребните гласови од делегатите за своите кандидатури, по сите карактеристики беше обележана како „историска”.
Името на Клинтон, кое веќе е вметнато во категоријата „прва жена кандидат за претседател”, ќе биде забележано во 240-годишната политичка историја на САД како првата жена претседател, секако доколку таа биде победникот на изборите.
Сличен случај имаме и кај ривалот Трамп, кој доколку ја освои трката ќе биде првиот човек кој по изминати 60 години, по изборот на Двајт Ајзенхауер, ќе биде првиот претседател на САД без никаква лична политичка кариера.
Претстојните претседателски избори 2016 во САД, на кои ќе биде избран 45-от по ред американски претседател, поради уникатните обележја кои сами по себе ги носат двајцата ривали, уште отсега се смета дека ќе пишуваат одредени нови страници во американската политичка историја.