Seif Eddine Trabelsi,Said İbicioğlu
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 14 припадници на безбедносните сили на Владата на национално единство (НУГ) загинаа денес за време на судирите со припадниците на терористичката организација ДАЕШ, во либискиот град Сирт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од изворот близок на НУГ, во Сирт кој е под контрола на ДАЕШ, дојде до судири помеѓу владините сили и терористите. Во судирот загинаа 14 припадници на владините безбедносни сили.
Меѓу загинатите се наоѓа и претседателот на Либискиот адвокатски синдикат и поранешниот министер на боречки прашања на оваа земја Абдурахман Ал Кијсе.
Центарот на Сирт е под контрола на терористите на ДАЕШ, а силите на Владата на национално единство контролираат помали места околу 10 километри јужно и западно од градот.
Владата на национално единство и претходно организираше акции против терористите северно од градот, кој е под контрола на ДАЕШ од јануари 2015 година.