Ekipa
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
СИДНЕЈ (АА) - Четири лица се ранети, меѓу кои три жени на возраст помеѓу 60 и 80 години, во трговски центар во Сиднеј, кога полицајците отвориле оган на човек вооружен со нож, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата беше повикана во северното предградите Хорнсби во момент кога беше забележан човек кој носел нож, изјави за медиумите полицискиот службеник во австралиската држава Нов Јужен Велс, Денис Клифорд.
„Полицајците му пријдоа на човекот и тогаш изби судирот. Вооруженото машко лице тргна кон нив со голем нож во рацете, а двајцата полицајци отворија оган”, изјави Клифорд.
Машкото лице е погодено со куршуми неколкупати, а во пукотниците ранети се уште три жени, изјави Клифорд и додаде дека сите четири лица се пренесени во болница и се во стабилна состојба.
Клифорд изјави дека полицијата претходно трагала по тој човек, кој вчера исчезна од околната психијатарска установа.
„За инцидентот ќе биде покрената истрага, а ќе биде ревидирана и одлуката за употреба на оружје на јавно место од страна на полицајците. Полицајците имаа и друго оружје и опрема, вклучувајќи измамувач и палки, но се соочија со ситуација на живот или смрт која се одвиваше во неколку секунди ”, додаде Клифорд.
Клифорд призна дека е алармантно тоа што се повредени случајни минувачи, но изјави дека не е познато какви последици би можело да предизвика некористењето на оружје.
„Се прашувам што би се случило доколку полицијата не реагираше и не го спречеше лицето со нож”, изјави Клифорд.