Hakan Çopur
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД, Барак Обама, вели дека најлоша грешка за време на неговото претседателство била неизготвувањето на план за периодот по падот на лидерот на Либија, Муамер Гадафи во 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето прво интервју од 2008 година кое го даде за американскиот канал Фокс, па сè досега, Претседателот на САД Обама ги оцени приоритетите и надворешната политика за време на неговото претседателствување.
Во врска со интервенцијата во Либија во 2011 година, Обама даде интересен коментар, како најлоша грешка од претседателството, објаснувајќи: „Во Либија (по падот на Гадафи) немањето план за утрешниот ден е причината за нашиот неуспех.“
Обама, велејќи „можевме да направиме повеќе за периодот по интервенцијата во Либија“, на еден начин призна дека не биле подготвени за периодот по падот на Гадафи.
Минатиот месец во специјалното интервју за магазинот „Атлантик”, во врска со своите ставови за Либија, Обама обвинува одредени лидери од ЕУ „за одвлекување на вниманито“ и додава дека тие имаат свој удел за хаосот во Либија.
За дадената изјава, пак, за хаосот во кој влезе земјата по операците во Либија, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Нед Прајс, истакна дека со овие зборови Обама „појаснил“ дека мисли на премиерот на Англија, Давид Камерун и претседателот на Франција од тој период, Николас Саркози, истакнувајќи дека ѝ двете земји „сѐ моќни сојузници на САД“.
Тој оцени дека продолжувањето на нестабилноста во Либија по падот на Гадафи, ги зголемила бројот на акциите на ДАЕШ во регионот.
Обама во интервјуто истакна дека најважен успех е излезот од кризата која во 2008 година ја зафати земјата.