Amina Zorniç
11 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, изјави дека агенцијата нема повеќе да користи контроверзни методи на испитување како што е гушењето во вода, дури и ако тоа го побара идниот американски претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
“Не се согласувам дека треба да продолжиме со одредени тактики и методи”, изјави Бренан за вестите на Ен –Би-Си.
Американскиот претседател Барак Обама, кратко по неговото доаѓање на власт 2009 година, го забрани гушењето во вода како метод на испитување, меѓутоа, републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп во повеќе наврати вети дека ќе ја оживее таа практика доколку биде избран.
На републиканската дебата во Њу Хемпшир минатиот месец, Трамп рече “ќе вратам многу полоши методи отколку гушењето во вода”.
Најголемиот ривал на Трамп, Тед Круз, од друга страна, на истата дебата изјави дека тој „не е за масовна употреба на споменатата техника”, додавајќи дека „не верува дека гушењето во вода е толку страшно”.
Сенатот кон крајот на 2014 година објави извештај во кој тврдеше дека методите за испитување на ЦИА се “побрутални и поригорозни”, по нападите кои се случија во Америка на 11-ти септември 2011 година.
Бруталните методи на испитување, според споменатиот документ, применувани се врз затворениците поврзани со Ал Каеда.