ЊУЈОРК (АА) - МУСТАФА КЕЛЕШ/БЕТУЉ ЈУРУК -
САД и меѓународната јавност, со нетрпение го очекуваат објавувањето на имиња од кабинетот на новоизбраниот 45. американски претседател Доналд Трамп.
Продолжува работата на Трамп околу изборот на неговиот нов кабинет.
Познати се имињата на петмината кои ќе бидат дел од неговиот кабинет, но со нетрпение се очекува кој ќе биде поставен на значајната позиција министер за надворешни работи.
- Дали кабинетот на Трамп ќе биде „расистички“ и „шовинистички“?
Интересно е што досега избраните петмина членови на новиот кабинет на Трамп се бели мажи. Досега, меѓу објавените имиња не е претставен ниту еден црномурест Американец, ниту пак жени, по што се поставува прашањето, дали кабинетот на Трамп ќе биде расистички и шовинистички?
Од друга страна, овие членови на кабинетот на Трамп, кои се негови блиски колеги, познати по своите негативни зборови кон малцинствата, муслиманите и останатите имигранти, создава вознемиреност во САД.
- Конзервативен потпретседател
Десната рака на Доналд Трамп, новиот потпретседател на САД, Мајк Пенс, познат е како голем конзервативец. Пред да биде избран за кандидат за потпретседател на САД, тој беше гувернер на Индијана, а пред оваа функција беше претставник на државата Индијана во Претставничкиот дом на САД.
Правник по професија, кој работел и како радиоводител, 57-годишниот Пенс прикажува конзервативен став кон темите како што се прашањата за имигрантите, абортусот и правата на хомосексуалците.
По изборот на Трамп за претседател, беше претставена транзиционата екипа на високо ниво.
За шеф на кабинетот на Белата куќа, Трамп одлучи да го постави претседателот на националниот комитет на Републиканската партија, Рајнс Прибус, а за главен стратешки советник, менаџерот кој ја водеше неговата предизборна кампања, Стивен Бенон.
Доналд Трамп, кој својата предизборна кампања ја водеше заедно со Прибус и Бенон, ги претстави како „квалификувани лидери“.
Прибус (44), кој за време на предизборната кампања ја доби довербата на Трамп, го привлекува вниманието како човек кој одблиску ја познава работата на Вашингтон. Прибус, покрај тоа што е познат по своите пријателски врски со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Пол Рајан, има добри односи и со други познати имиња и 5 години ја извршува функцијата портпарол на партијата.
Прибус ќе раководи со административниот персонал на Трамп и ќе ги регулира комуникациите меѓу Белата куќа и Конгресот.
Тој, како нов шеф на кабинетот на Белата куќа, иако е позитивно прифатен од страна на останатите партии, предизвика вознемиреност кај муслиманите и имигрантите, поради големата поддршка што му ја даваше на Трамп против муслиманите и имигрантите за време на кампањата.
Изборот на Стивен Бенон, кој е именуван за главен стратешки советник на Трамп, кој беше негов менаџер во предизборната кампања, предизвика полемики во редовите на Републиканската партија.
За Бенон, кој ќе биде виш советник на Трамп, членовите на партијата велат дека се дистанцираат од неговиот однос кој е „расистички и има екстремно десно гледиште“.
Пред да биде избран за менаџер на изборната кампања на Трамп, Бенон беше раководител на медиумската куќа Бреитбарт, во чиј фокус главно се застапени критиките и непријателството кон странците и говори на омраза. Бенон беше мошне критикуван и поради своите изјави, кои се надвор од границите на Републиканската партија, и со ова негово назначување за шеф на кабинетот на Трамп, предизвика состојба на загриженост во поголем дел од САД.
Меѓу оние што се против поставувањето на Бенон на една така клучна позиција се и американските муслимани. Најголемата невладина организација на муслиманите во САД, Советот за американско-исламски односи, го осуди поставувањето на Бенон на толку важна позиција.
- Џеф Сешнс – министер за правда
За министер за правда, Трамп планира да го постави сенаторот на Алабама, републиканецот Џеф Сешнс, кој прв го поддржа Трамп во неговата претседателска кампања. Сешнс (69) од 1997 година е член на Комитетот за правда на Сенатот и е против реформите на законот за имигранти. Во 80-тите години на XX век беше обвинител на Алабама, во 1986 беше претставен како кандидат за федерален судија од поранешниот претседател на САД, Роналд Реган. Комитетот за правда на Сенатот, кој е претежно републикански, поради неговите расистички изјави и активности, сметаат дека Сешнс не е соодветна личност за таа позиција. Во 1995 година, Сешнс беше избран за обвинител на Алабама, а на изборите во 1996 излезе како победник и стана сенатор. Подоцна не ја прифати функцијата федерален судија беше на должност во комитетот.
- Мајк Помпео - ЦИА
Мајк Помпео, кој е член на конгресот на Трамп, треба да биде поставен за главен на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Помпео три циклуси е на должност во Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. Помпео се издигна на повисоки позиции во сопствената партија откако упати остри критики кон Хилари Клинтон, која се беше зазела околу истрагата поврзана со нападот врз конзулатот на САД во либискиот град Бингази.
Според неговата интернет-страницата, Помпео (52) како првенец ја завршил воена школа „Вест Поинт“ и започнал да работи како коњички офицер. Подоцна ја напуштил армијата и дипломирал право на Универзитетот Харвард, по што ја формира компанијата „Компанија за производство на опрема, дистрибуција и услуги“.
Помпео го осудува нуклеарниот договор што беше постигнат со Иран, и и го брани ставот дека е потребно да се осуди на смртна казна државниот предавник, поранешниот системски аналитичар Едвард Сноуден, кој дозволи во медиумите да протечат некои прислушувани активности на Националната агенција за безбедност на САД.
- Мајкл Флин – советник за национална безбедност
Се очекува советник за национална безбедност на САД да биде Мајкл Флин (57), човекот кој беше дел од блиската екипа на Трамп во предизборната кампања.
Флин за време на предизборната кампања на Трамп беше на должноста „безбедност и советник за разузнавање“. Тој од претходно е познат како искусен војник кој бил во Авганистан и во Ирак.
Доколку Флин ја прифати должноста, нема да биде потребно одобрување од страна на Конгресот, со што ќе се забрза процесот за започнување на новата должност на пензионираниот генерал-полковник.
Името на Флин се јавува и во Министерството за одбрана и за да може да дојде на таа позиција, потребно е да изминат 7 години од неговото пензионирање. Според тоа, Флин, кој од армијата се раздели во 2014 година, потребно е да почека уште 5 години за оваа функција, но постои можност тој да стане министер, доколку Конгресот направи привремено отстапување од постоечкиот член.
Флин, за време на мандатот на Обама вршел функција на директор на Разузнавачката агенција за одбрана и во 2014 се пензионирал.
Пензионираниот генерал-полковник Флин, пред извесно време имаше напишано текст поврзан со лидерот на терористичката организација ФЕТО Фетула Ѓулен.
Флин во тој текст имаше напишано: „Во својот двор во Пенсилванија, комотно се сместил овој маскиран терорист, кој е извор на нестабилност и се обидува да го измами Вашингтон. Сметам дека е неразумно тој да биде пречка кон нашиот НАТО сојузник, Турција.Од аспект на Турција, Вашингтон е скривалиште на турскиот Осама Бин Ладен. Доколку по 11 септември дознаевме дека во Турција во едно убаво село се сместил Осама Бин Ладен и низ цела Турција со помош на даночите фондови на даночните обврзници во Турција управува со 160 училишта, тогаш што ќе направевме?“
- Имиња што се истакнуваат во составот на новиот кабинет -
Американската јавност и меѓународната заедница со нетрпение очекуваат да видат кому Трамп ќе му го довери одделот за надворешна политика.
Не е познато кој ќе дојде на чело на Министерството за надворешни работи, но се претпоставува дека тоа би можел да биде Мит Ромни. Трамп и Ромни минатата недела се состанаа во Њу Џерси. Иако американските медиуми пишуваат дека Трамп на Ромни му понудил функција, сѐ уште нема официјална потврда. Ромни од 2003 до 2007 година беше гувернер на Масачусетс. Тој беше противник на Обама на изборите во 2012 година.
Доналд Трамп размислува за поставување на пензионираниот генерал Џејмс Матис, на чело на Министерството за одбрана. Тој го опиша Матис како импресивен и вистински генерал. Во вестите на „Си-ен-ен“ се истакнува дека Матис во обраќањето пред војниците во Сан Диего, во 2005 година изјавил: „Забавно да се пука во некои луѓе“.
Трамп соопшти дека размислува за тоа талентираниот Бен Карсон да го постави на чело на Секретаријатот за урбан развој. Карсон во интервјуто за „Вашингтон пост“ изјави дека преферира да работи надвор, а не внатре во кабинетот. Сепак, доколку ја прифати работата, Бен Карсон ќе биде единствениот Афроамериканец во кабинетот на Трамп.
Пензионираниот неврохирург Карсон (65), кој беше републикански кандидат, во март ја заврши кампањата и го поддржа Трамп.
news_share_descriptionsubscription_contact
