Adel Ömeragiç
24 Ноември 2016•Ажурирај: 24 Ноември 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Конститутивна седница на црногорскиот парламент ќе биде продолжена денеска, кога пратениците би требало да изберат претседател и потпретседател на Собранието. Претставниците на опозицијата најавија дека ниту денеска нема да присуствуваат на седницата, јавува Anadolu Agency (AA).
На дневен ред на денешната седница е и избор за претседател и членовите на Адиминистративниот одбор. На конститутивната седница од 7. ноември, верификуван е мандатт на пратениците на новиот собраниски состав.
Во меѓувреме, завршени се преговорите околу формирањето на мнозинството за идната влада која ќе ја сочинуваат Демократска партија на социјалистите, Социјалдемократите, Бошњачка странка, Хрватска граѓанска иницијатива и коалицијата „Албанци одлучно".
Кандидатот за претседател на Собранието е Иван Брајовиќ, лидер на Социјалдемократите, додека кандидати за потпретседатели на Собранието се Марта Шќепановиќ од ДПС и Генци Ниманбегу од коалицијата „Албанци одлучно“.
Едно потпретседателско место во Собранието и припаѓа и на опозицијата.
На парламентарните избори кои се одржани на 16 октомври, Демократската партија на социјалистите освои 36 мандати, Демократски фронт 18, коалицијата „Клуч" девет, Демократите осум, а Социјалдемократската партија четири мандати. Социјалдемократите и Бошњачка странка освоија по два, а коалицијата „Албанци одлучно" и Хрватската граѓанска иницијатива по еден пратеник.
Опозицијата не присуствуваше на конститутивната седница на Собранието на Црна Гора, оценувајќи дека изборите не биле слободни и демократски.