Adel Ömeragiç
13 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора на крајот на месец ноември 2015 година, имаше 1.037.835 корисници на мобилната телефонија, потврдија од Агенцијата за електронски комуникации и поштенско работење, јавува Anadolu Agency (AA).
Црна Гора има повеќе корисници на мобилни телефони отколку жители, говорат податоци од Агенцијата. На секои 100 жители доаѓаат 166 броеви од мобилни телефони.
Интересно дека во 2008 година е забележан апсолутен рекорд по бројот на картички, кога услугите на мобилната телефонија ги користеле над 1.300.000 мобилни телефони. Тоа значи дека секој жител во просек имал повеќе од два телефона, односно броја.
Според резултатите од последниот попис на населението, во Црна Гора живеат 625.266 жители.