Selma Kasap
27 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
АНКАРА (АА) - 2015 година остави свој печат како на политички, така и на научен план. Научниците се согласни дека во изминатите 12 месеци пронајдени се неколку значајни нешта. Професорот од Блискоисточниот технички факултет (METU/ODTU) во Анкара, Урал Акбулут, ја скрати листата на десет најзначајни пронајдоци, јавува Anadolu Agency (AA).
На прво место, според негово мислење се наоѓа човечкиот мускул произведен во лабораторија. Овој мускул со електростимулации и биохемиски сигнали успеа да фукционира како што и обично функционираат мускулите.
Од друга страна, тим научници од Универзитетот "Stony Brook" во САД, во Кенија откри направа, за која тврди дека потекнува од камено време и дека е стара најмалку 2,7 милиони години. Со продолжување на археолошките ископувања пронајдени се направи стари над 3,3 милиони години.
На трето место на листата е брзиот воз "Маглев" (магнетско-левитирачки воз) произведен во Јапонија, кој може да достигне брзина од 603 километри на час. Патниците ќе може да го користат возот од 2027 година, а би требало да се движи со брзина од 505 километри на час.
Значаен пронајдок е и диодата направена од една органска молекула. За ова откритие заслужни се американските научници од Универзитетот Колумбија.
Уште едно значајно откритие доаѓа од САД и тоа од Технолошкиот институт во Масачусец (MIT), а станува збор за роботот по име "Cheetah" кој може да трча и да прескокнува пречки високи и по 45 сантиметри.
На шесто место на значајните пронајдоци, според мислењето на Акбулут, се наоѓа роботската рака, која овозможува "развивање" на повторно сетило за допир кај пациенти кои доживеале мозочен удар. Роботската рака е произведена во лабораторијата на Универзитетот "Johns Hopkins", во САД.
Значаен изум е и пронајдокот на двајца студенти од Универзитетот во Тексас, кои открија ГПС за телефони кој може да ја одреди точната локација со прецизност од неколку сантиметри.
Осмото место на значајните изуми заслужено и припаѓа на најмалата сијалица на светот чиј извор на светлина претставува графенот (дводимензионална јаглеродна структура со дебелина од еден атом). Сијалицата ја пронајдоа научниците од Универзитетот Колумбија во САД.
Дијамантот произведен на собна температура од јаглерод, го зазема деветото место на најзначајните пронајдоци, кој исто така го направија научници од САД.
Тим научници од Универзитетот Харвард во САД, успеаа 2015 година да ја одбележат со пронаоѓање на "бионичкиот лист" кој со помош на соларна енергија создава гориво.