Emre Aytekin
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Американските истражувачи од Универзитет во Мичиген, благодарение на нанотехнологија откриле начин за производство на енергија од човековото движење, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие направиле уред кој изгледа како свитлива филмска лента.
Научниците успеале со помош на наногенератор да снабдат со енергијс ЛЦД екран на допир, 20 ЛЕД светилки и флексибилни тастатури, без употреба на батерии.
„Наскоро ќе можеме да се движиме без да го наполниме телефонот една недела, бидејќи уредот ќе се полни од нашето секојдневно движење“, рече Нелсон Сепулведа од одделот за електроника и компјутерски инженеринг.
Комплетниот уред се нарекува биокомпатибилен фероелектричен наногенератор, односно ФЕНГ. Уредот е тенок колку лист хартија и може да се приспособи на многу големини. Уредот што ги полни ЛЕД светилките е со големина на дланка, а уредот за полнење на тастатурата е со големина на прст.
Благодарение на малата тежина, флексибилноста и биокомпатибилноста, изумот ќе отвори многу можности.
Истражувањето е објавено во списанието „Нано енергија“.