Barry Eitel
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Новиот извештај за состојбата на Арктикот покажува дека во 2016 година, на северниот појас на Земјата се забележани рекордно високи температури на воздухот, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) во Сан Франциско го објави новиот извештај Отчетна карта за Арктикот (Arctic Report Card), а на него работеа 61 научник во 11 земји.
Според него, оваа година е забележан историски раст на температурите на воздухот во областа на Арктикот, што предизвика големо намалување на мразот своевиден „еколошки преседан“.
Во извештајот за Арктикот се наведува дека топлото време го одложило формирањето на новиот морски мраз, што се случува секоја есен.
Просечната годишна температура на воздухот над површината на Арктикот од 1990 година се зголеми за 3,5 Целзиусови степени, и сега изнесува 6,3 Целзиусови степени.
Извештајот покажа и минимален обем на арктичкиот мраз од средината на октомври до крајот на ноемви оваа година, кој е најнискиот регистриран од сателитските снимања започнати во 1979 година.
Арктичкиот регион, иако ретко населен, има голем влијание на времето на целата планета.
Токму Арктикот ги диктира воздушните струи на целата северна хемисфера, па загревањето на Северниот пол би можело да значи неочекувани временски услови во САД, Европа и во Азија.
Меѓународниот тим научници порастот на температурите на Арктикот ги припишуваат на јаглеродот диоксид и на други стакленички гасови коишто се производ на луѓето.
Мразот на арктичкиот остров Гренланд, кој е втор по големина во светот, ја губи масата.
Научниците проценуваат дека доколку топењето на мразот од овој остров продолжи со ист интензитет, нивото на морето ќе се зголеми за околу 20 метри.
Топењето на мразот доведува до тоа Арктикот да се загрева во просек двапати побрзо од остатокот од светот.
Иако феномените како Ел Нињо имаат улога, зголемувањето на температурите не е предизвикано само поради природен фактор, тврдат научниците.