Emel Öz Gözellik
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Организацијата за метеорологија на Обединетите нации (ОН), во дел од Северниот Атлански Океан, меѓу Исланд и Британија со помош на пловка успеале да измерат бран со висина од 19 метри, кој ќе биде заведен како највисок измерен бран, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската организација за метеорологија (WMO) која е дел од ОН, соопшти дека со помош на пловка поставена во Северниот Атлански Океан во февруари 2013 година успеале да измерат бран кој достигнал висина од 19 метри, пред кусо време бил признат од светските научници.
Помошникот на Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Венѓиан Џанг, истакна дека бранот со висина колку и шесткатна зграда е највисок бран измерен досега со помош на пловка и претставува рекорд.
Експертот на метеоролошката фондација „Енвајромент Канада“ Вал Смеил, изјави дека мерењето на брановите со помош на пловка е многу побезбедно од мерењата правени со бродови или сателити.