Şeyma Uzundere
13 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
ЏАКАРТА
Најмалку 10 лица загинаа откако биле погодени од удар на бранови додека медитирале на плажата во источниот дел на Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Стрејтс тајмс“ (Straits Times) објави дека група од 23 луѓе по полноќ практикувале јога и медитирале на плажата „Пајанган“ во индонезиската покраина Источна Јава.
Хери Пурномо, шефот на полицијата во тој регион, соопшти дека брановите заплиснале група лица што практикувале медитација.
Пурномо изјави дека спасувачките екипи ги извлекле од морските води телата на 10 лица и спасиле 12 лица, додавајќи дека продолжуваат да трагаат по 40-годишно лице.
„Уште не откривме со која цел и ритуал групата се собрала на плажата. Во тек е истрага за деталите на несреќата“, рече Пурномо.