Emel Öz Gözellik
15 Декември 2016•Ажурирај: 16 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во длабочините на Индискиот Океан беа откриени шест нови видови, меѓу кои и ракови, полжави и морски црви, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето на списанието „Научни белешки“ (Scientific Reports), во длабочините на Индискиот Океан со помош на робот-подморница биле откриени шест нови видови. Тие биле откриени во топлите извори, во длабочините на океанот.
Под површината на океанот постојат голем број извори на топла вода, а од некои од нив извира вода со температурата над 300 степени.
Првиот топол извор во Индискиот Океан беше откриен во 1977 година и оттогаш се откриени повеќе од 400 нови животински видови.