Ahmet Dursun
16 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Иранската и руската морнарица започнаа заедничка воена вежба во Арапското Море и во северниот дел од Индискиот Океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, вежбата наречена „Поморски безбедносен појас“ е организирана од Иран и Русија и ќе трае два дена.
Портпаролот на вежбата, адмиралот Гулам Риза Техани, истакна дека „Колективна соработка за безбедност на поморската трговија“ опфаќа голема површина од 17 илјади километри на северот на Индискиот Океан и во Арапското Море.
Наведувајќи дека главните цели на воената вежба се зајакнување на безбедноста на меѓународната поморска трговија, борба против пиратството, поморскиот тероризам и споделување информации во областите за пребарување и спасување, портпаролот Техани рече:
„Во оваа вежба учествуваат Армијата на Иран, поморските единици на Армијата на револуционерната гарда, од Русија еден разурнувач, брод за логистичка поддршка и хеликоптер.“
Портпаролот Техани, исто така, додаде дека во вежбата ќе бидат реализирани тактички и оперативни вежби, како што се интервенција при пожар на море, спасување на нападнат брод, пукање кон специфични цели.
Во декември 2019 година во истиот регион слична вежба одржаа иранската, руската и кинеската морнарица.