Eda Özdener
04 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Припадниците на турските воздушни сили во Русија започнаа обука за користење на руските одбранбени системи „S-400“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Република Турција денеска соопшти дека турските војници одат на обука за управување на сложените системи „S-400“.
Обуката се одржува во воениот комплекс во рускиот град Гатчина.
Турција претходно постигна договор со Русија за купување на одбранбениот систем „S-400“. Во тек е втората етапа од испорака на овие системи во Анкара.