Mustafa Melih Ahıshalı
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранка во градот Тебриз на свет донесе шест новороденчиња, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на медицинскиот центар Тебриз ез-Зехра е објавено писмено соопштение во кое се наведува дека една 23-годишна жена на свет донела шест новороденчиња, 4 девојчиња и 2 момчиња.
Во веста во која не се дава идентитетот на мајката се вели дека бебињата се родени во 27. недела и нивната здравствена состојба е добра.
Бебињата кои се родени со царски рез се со тежина од 580 до 960 грама.