Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Во Франција во 2017 година бројот на пушачи е намален за еден милион во однос на претходната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето спроведено од страна на Управата за јавно здравство на Франција покажа дека во 2017 година, 26,9 отсто лица (околу 12,2 милиони) на возраст меѓу 18 и 75 години секојдневно консумираат цигари, додека во 2016 година тој број изнесувал 29,4 отсто, односно 13, 2 милиони.
Студијата покажува дека во текот на една година бројот на лица кои секојдневно консумираат цигари е намален за еден милион, а причина за тоа се ниските примања и намалувањето на консумирањето цигари кај младите луѓе.
Официјалните претставници истакнуваат дека за првпат во период од десет години е забележан толкав пад.
Пакувањето и зголемувањето на цените на цигарите во последните неколку години се значајни мерки во борбата против консумирањето на тутунските производи.
Француската министерка за здравство, Агнес Бузин, е задоволна со тоа што приходите влијаеле врз намалувањето на консумирањето цигари.
Секое десетто лице во светот умира од последици од пушењето.