Hakan Ceyhan Aydoğan
26 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Русија и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се подготвени на повторен прекин на воздушните напади во сирискиот Алепо, на таканаречена „хуманитарна пауза” со добивање на гаранција од меѓународните организации за подготвеноста да се евакуираат цивилите, соопшти Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското Министерство за одбрана на 20 октомври донесе одлука за воведување на „ хуманитарна пауза” за време на која нема да бидат изведувани воздушни напади на Алепо, за да се овозможи евакуација на цивилите во тој град и повлекување на вооружените опозициски групи кон Идлиб.
Овој период прво беше проодолжен до сабота 22 октомври, а потоа до понеделник 24 октомври.