Muhammet Kurşun
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, рече дека тие се подготвени на нова размена на затвореници и дека сега топката е во рацете на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Мусеви, на прес-конференција одржана во Министерството се осврна на тековните прашања.
Наведувајќи дека 3.000 ирански државјани се затворени во различни земји под различни обвиненија, Мусеви рече дека и во Иран има затвореници од многу земји и дека се подготвени на нова размена на затвореници за да се реши тоа прашање.
„Иранското Министерство за надворешни работи е подготвено за нова размена на затвореници и сега топката е префрлена кај САД. Ако земјите преземат чекори по ова прашање, како [што тоа го направи] Швајцарија, можеме повторно да разменуваме затвореници.“
Тој, исто така, упати апел до иранските граѓани да не патуваат во САД, дури и ако имаат виза, освен ако мораат, бидејќи ќе бидат обвинети за кршење на санкциите.
- „Се надеваме дека Саудиска Арабија ќе ја прифати раката на пријателство што ја подаде Иран“ -
Одговарајќи на тврдењата дека делегација од Иран е отидена во Саудиска Арабија за преговори, Мусеви рече дека нема информации за тоа.
Тој истакна дека немало никакви преговори, и дека од Иран во Саудиска Арабија заминале лица само за аџилак и умра.
Мусеви наведувајќи дека некои земји имале одредени иницијативи за прекинување на тензиите и започнување преговори.
„Се надеваме дека Саудиска Арабија ќе ја прифати раката на пријателство што ја подаде Иран. Треба да се знае дека не може да се осигура безбедност со поканување странци и складирање оружје.“
- Земјите од ЕУ треба да преземат сериозни чекори во врска со Договорот за нуклеарната програма -
Мусеви додаде дека новите чекори што треба да се преземат за намалување на обврските кон Договорот за нуклеарната програма се сѐ уште во процес на проценка, и дека Иран очекува земјите од ЕУ да преземат сериозни чекори во овој поглед додека сѐ уште има време.
Во врска со повлекувањето на Русија од нуклеарните капацитети „Фордо“, Мусеви истакна дека нема чекор назад во соработката со Москва и дека причината за запирање на активностите е техничка.
Мусеви исто така истакна дека 5 милијарди долари што треба да бидат земени од Русија, не се заем, и дека тие пари ќе бидат наменети за заеднички проекти со Москва.
Во врска со Законот за спречување перење пари во рамки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Мусеви рече:
„Пријателските и соседни земји исто така известуваат дека нема да можат да работат со иранските банки доколку не се донесе овој закон и не се реализира членството во Оперативната група за финансиски акции (ФАТФ).“
Тој додаде дека претседателот Хасан Рухани наскоро ќе ги посети Јапонија и Малезија и дека ќе се разговара за случувањата во Азија и за Договорот за нуклеарната програма.