Ali Cura
14 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
КИЕВ (АА) - Русија нема да учествува во натпреварот „Евровизија 2017 година" во Киев, бидејќи земјата се откажала од предложените алтернативи, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
На Русија претходно и беше понудено или да го преносува натпреварот на својата натпреварувачка Јулија Самоилова преку сателит или да до промени натпреварувачот, што беше одбиено.
„За жал, тоа значи дека Русија не може да учествува во натпреварот оваа година. Сакавме да учествуваат сите 43 држави", наведено е во соопштението на Европската радиодифузна унија.
Во Русија оваа година нема да има ни ТВ пренос на 62. Евровизија.
Службата за безбедност на Украина и забрани на Јулија Самоилова влез во нејзината територија на три години поради нејзиниот настап на Крим.