Emre Gürkan Abay
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
МОСКВА (АА) - На рускиот претседател Владимир Путин во 2016 година му биле исплатени плати во износ од 8,8 милиони рубљи (148.700 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Кремљ има објавено список на имотниот картон на високи руски функционери, според кој претседателот Путин во текот на минатата година оствари од 8,8 милиони рубљи, односно од 148.700 евра. Путиновата заработка е намалена за 30.000 рубљи во споредба со 2015 година.
Скоро па исто во минатата година заработил и премиерот на државата Дмитриј Медведев, а неговата заработката изнесуваше 8,5 милиони рубљи (143.200 евра). Медведев беше на мета на критика и протест во врска со наводите дека тој имал богатство кое се проценува на милиони долари.
Кога станува збор за Путин и неговиот имотен картон пишува дека е сопственик на парцела од 1.500 квадратни километри, два апартмани и три автомобили. Медведев е сопственик на парцела од 4.7 илјади квадратни километри, стан и автомобил.
Министерот за вонредни ситуации Владимир Пуцков во изминатата година имаше добивка од 12 милиони рубљи (200.200 евра), што е највисока плата на еден министер во оваа земја. Министер за одбрана Сергеј Сојги имал годишна плата од 10,5 милиони рубљи (175.000 евра).