Murat Ünlü
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Фејсбук во Франција затвори повеќе од 30.000 лажни профили кои ширеле лажни информации, јавува Anadolu Agency (АА).
Водачот на екипата на Фејсбук за безбедност, Шабнам Шаик на блогот напиша дека компанијата затвори повеќе од 30.000 профили кои ширеле дезинформации и лажни вести.
Шаик нагласи дека оваа акција не опфатила секој лажен профил,туку само оние кои биле најмногу активни.
Тој истакна дека лажните профили се користени да ги измамат другите корисници со цел стекнување материјална корист.