Ekip
15 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ТЕХЕРАН (AA) – Иранската државна телевизија јавува дека во поплавите, кои ги предизвика силниот дожд, на северозападот на земјата загинаа 17 лица, а дека 20 се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калил Саеи, генералниот директор на Центарот за управување со кризи во покраината Источен Азербејџан, рече дека спасувачките тимови пронашле 17 тела по полавите во градовите Ајабсхир и Азарсхар.
Саеи додаде дека работниците на Црвената полумесечина, полицијата, војската и спасувачките служби, од раните утрински часови се распоредени на теренот за да им пружат помош на загрозените.
Во септември минатата година, најмалку десет лица загинаа во поплавите во Техеран и покраината Хормозган.