Hakan Ceyhan Aydoğan
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров истакна дека Обединетите нации треба објективно и детално да го истражат нападот со хемиско оружје кој беше извршен во Хан Шејхун, истакнувајќи: „Инсистираме на потребата од сеопфатна, објективна и отворена истрага. Во истрагата, покрај членовите на Организацијата за забрана на употреба на хемиско оружје, потребно е да учествуваат и претставници на регионалните земји, со што ќе се формира една рамноправна комисија”, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на руската дипломатија, Лавров во Москва оствари тројна средба со шефот на иранската дипломатија, Џеват Зафир и шефот на сириската дипломатија, Велид Муалим.
По средбата, на заедничката прес-конференција, Лавров, Зариф и Муалим дадоа свое гледиште за развојот на настаните по нападот кој американските сили го изведоа врз воената воздухопловна база на режимот во Сирија.
Лавров изјави дека на тројната средба, нападот на американските сили бил окарактеризиран како акција која ги прекршува меѓународните права и упатуваат повик вакви настани да не се повторуваат во иднина.
Истакнувајќи дека од регионален и глобален аспект, ваквите акции можат да предизвикаат сериозни последици, Лавров изјави: „Неприфатливо е кршењето на меѓународното право. Очигледно е дека слични акции се користат како изговор за поткопување на мировниот процес и промена на режимот”.
- Хемиски напад во Идлиб од страна на режимот
Повторувајќи дека истрагата за нападот во Хан Шејхун, ОН е потребно да ја извши на еден објективен и детален начин, Лавров рече: „Инсистираме на потребата од сеопфатна, објективна и отворена истрага. Во истрагата, покрај членовите на Организацијата за забрана на хемиското оружје, потребно е да учествуваат и претставници на регионалните земји, со што ќе се формира една рамноправна комисија”.
Лавров смета дека предлогот за учеството на Русија и Иран во објективната комисија е попречувано од оние кои имаат „нечиста совест”.
Покрај тоа, Лавров истакнува дека за кризата во Сирија не може да се изнајде друго решение, освен по политичко-дипломатски пат, додавајчи дека со соговорниците зборувале и за средбите во Астана.
- „Неприватливи се едностани акции”
Шефот на иранската дипломатија Зариф, во врска со американскиот напад врз сириската воздухопловна база изјави: „Неприфатливи се насилството и едностраните акции кои за цел го имаат суверенитетот на една земја”.
Министерот Зариф рече дека сака да се поведе истрага за хемискиот напад кој беше изведен во околината на сирискиот град Идлиб, и додаде: „САД, наместо да разбере што е направено во Хан Шејхун, ја нападна Сирија. Ние, заедно со Русија работиме напорно Хаг да започне истрага за конкретниот случај. За нас, неприфатлива е истрага од далечина. Потребно е истрагата да се изведе на самото место на настанот”.
Зариф додаде дека средбите во Астана се значаен чекор во изнаоѓањето на политичко решение за кризата во Сирија.
- „Не ги признаваме резултатите од истрагата”
Шефот на сириската дипломатија Муалим рече дека не употребиле хемиско оружје против својот народ и истакна дека видео-снимките од Хан Шејхун се монтирани.
За поведување на истрага во врска со хемискиот напад, Муалим изјави дека го поддржува предлогот на Русија и Иран и им се заблагодари на Лавров и Зариф за дадената поддршка.
Муалим рече дека примероците за анализа за употребата на хемиско оружје во нападот во Идлиб се земени од ранети лица кои од Сирија се префрлени во Турција и затоа нема да ги признаат резултатите од истрагата што ја води Организацијата за забрана на употреба на хемиско оружје.