Burak Bir
20 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Холандската Влада можно е да размисли за испраќање на борбени авиони Ф-16 на Украина во случај Киев да побара, јавија денес локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на вчерашната парламентарна дебата, холандскиот министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, рече дека Кабинетот отворено ќе го разгледа ваквото барање на Киев за авиони Ф-16, објави холандскиот „НЛ Тајмс“.
Тој рече дека не постојат „табу-теми“ за испорака на редовна опрема, додавајќи дека Холандија испраќа само работи што Украина ги бара.
Според веста, пратеникот на партијата Д66, Сјоерд Сјоердсма, побарал од Кабинетот да испорача авиони Ф-16 и борбени возила на пешадијата на Украина.
Во меѓувреме, некои земји како САД и Велика Британија веќе најавија дека ќе ја забрзаат воената поддршка за Украина.