Ekip
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција денес со огнено оружје рани а подоцна уапси палестинско машко лице кое наводно прободел жена со нож во Ерусалим, се вели во соопштението на израелската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Жена, во рани дваесетти години е во критична состојба откако наводно била прободена со нож во близина на Новата порта во стариот дел на градот Ерусалим”, пишува во соопштението, кое е издадено кратко по наводниот напад.
Израелските медиуми сепак јавуват дека прободената жена им подлегнала на повредите.
Според првичниот полициски извештај, наводниот напаѓач пред да биде притворен бил застрелан и ранет од страна на полицијата на местото на нападот.
Во соопштението кое следеше од полицијата, напаѓачот е идентификуван како 57 годишен палестински жител на Ерусалим а жртвата била туристка од Британија.
Според официјалните палестински податоци, од октомври 2015 година, повеќе од 270 Плестинци се убиени од страна на израелската полиција за време или по наводни напади на Израелците или во судири со припадниците на израелските безбедносни сили.
Од друга страна, израелските власти велат дека во истиот период најмалку 48 Израелци се убиени во напади врз Палестинците.