Emre Aytekin
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Кинеските научници соопштија дека во последните 2 години се откриени над 30 видови на дното на океанот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави CCTV, официјалниот кинески тв-канал, Кинеската асоцијација за истражување и развој на океански минерални ресурси (COMRA), соопшти дека во рамките на истражувањата направени во последните 2 години на дното на океанот, открила над 30 нови видови.
Главниот истражувач на COMRA, Венг Чуншенг, истакна дека развојот на подводната технологија и можноста за долготрајно набљудување на длабочина од 5.000 метри во последните години, им овозможиле откривање на нови видови.
Во видеоснимката објавена од страна на COMRA се забележуваат некои од новооткриените видови, меѓу кои група црвени ракчиња, сини и виолетови јагули и други.
Новооткриените видови беа презентирани пред научниот свет на една меѓународна конференција во Кина.