Tevfik Durul
31 Мај 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
ПЕКИНГ (АА) - На локалната телевизија во Гуанси Џуан, во јужниот дел на Кина, на почетокот од јуни како водител ќе почне да работи паметен робот, јавува Anadolu Agency (AA).
Роботот со тежина од 29 килограми и висина од 1,21 метар од 6 јуни ќе работи како телевизиски водител на ТВ Нанинг. Тој ќе води нова програма на локалната телевизија. Роботот наречен Као Нинг Сиабеј може и да танцува, а со батерија може да работи и до 12 часа
Властите на Кина сметаат дека индустријата на вештачка интелигенциија претставува нова движечка сила.