Emel Öz Gözellik
25 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Научниците открија три гигантски кањони во Анктарктикот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Д-р Кејт Винтер од Универзитетот „Нортумбрија“ во Велика Британија и нејзиниот тим, преку радарски скенирања открија три кањони под слоевите мраз на Анктарктикот.
Најголемиот кањон кој беше именуван како „Foundation“, е со должина од 350 километри и ширина од 35 километри.
Се истакнува дека овие кањони играат значајна улога во движењето на слоевите мраз.
Д-р Фаусто Фераколи од „British Antarctic Survey“ (BAS) рече дека регионот во кој се наоѓаат кањоните е еден од најмалку познатите региони на Анктарктикот.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Geophysical Research Letters“.