Emel Öz Gözellik
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Според истражувањето што се спроведува во Холандија, замастувањата присутни во пределот на половината и стомакот се најавувачи дека во организмот постои недостаток на витаминот Д, јавува Anadolu Agency (AA).
Рахида Рафик од Универзитетот „Лајден“ и нејзината екипа, врз основа на спроведеното истражување за прекумерната телесна тежина, објавија дека постои цврста поврзаност меѓу замастувањата во пределот на стомакот и недостатокот на витаминот Д.
Врз основа на добиените резултати, Рафик соопшти дека луѓето кои имаат многу повеќе замастување во пределот на половината и стомакот, се соочуваат со ризикот од недостаток на витаминот Д, додавајќи дека е потребно овие лица да направат крвна слика и да го проверат нивото на витаминот Д.
Резултатите од истражувањето неделава ќе бидат презентирани на состанокот на Здружението за ендокринолози на Европа во Барселона.
Истражувањата што се спроведуваат последните години покажаа дека недостатокот на витаминот Д влијае врз циркулацијата на гликозата (шеќерот) и врз нивото на инсулинот.