Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Француските експерти за нанороботика, користејќи нов микророботски систем, ја изградија најмалата куќа на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Проектот и информациите за изградбатана на микрокуќата се објавени во магазинот „Journal of Vacuum Science and Technology A“.
Екипата за нанороботика на Институтот „Femto-ST“, со користење на неколку технолигии, го развила системот μRobotex и во голема вакуумска комора изработила микроструктури кои со помош на нанометриска чувствителност се поставени на оптичко влакно при изградбата на куќата.
Користејќи микророботски систем, на оптичко влакно изградена е најмалата куќа на светот. Секој ѕид од куќата е со димензии од 15 микрометри (милионити дел од метарот). Се истакнува дека куќата не може да вдоми домашна прашина, ниту пак амеба. Куќата е составена од четири ѕида, седум прозорци, покрив и оџак.
Проектот е важен од аспект на постигнатиот напредок во технологиите за оптичка перцепција.