Emel Öz Gözellik
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Јапонските ловци на китови минатото лето убија 333 китови, од кои 122 со младенчиња во утробата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Извештајот поднесен до Меѓународната комисија за ловење китови се наведува дека минатото лето во водите на Антарктикот се убиени 333 китови.
Според соопштеното, 122 од вкупните убиени китови биле со младенчиња во утробата.
Јапонија тврди дека ловењето китови во водите на Антарктикот се врши со цел истражување на еколошкиот систем на Антарктикот.
Покрај сите протести на активистите за заштита на правата на животните и животната средина, Јапонија донесе одлука за обновување на годишното ловење китови во водите на Антарктикот.
Меѓународниот суд на правдата во 2014 година соопшти дека програмата за китови која се реализира во Антарктикот е илегална.