Yusuf Hatip
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
БРИСЕЛ (АA) - Околу 29 отсто од младите лица во Европската Унија (ЕУ) на возраст меѓу 15 и 24 години, консумираат цигари, јавува Anadolu Agency (AA).
Витенис Андриукаитис, од Одделот за здравство и безбедност на храната при Европската комисија, истакна дека во 2015 година во ЕУ од рак на белите дробови починале 273.400 лица.
Тој се осврна и на порастот на бројот на млади лица кои консумираат цигари.
„Загрижувачки е процентот на млади лица на возраст помеѓу 15 и 24 години кој во 2014 година изнесуваше 25 отсто, додека во 2017 година е зголемен на 29 отсто“, рече Андриукаитис.
Тој нагласи дека во ЕУ во 2020 година ќе биде забранета употребата на цигари со ментол и додаде дека елетронските цигари, популарни меѓу младината, се штетни за здравјето.