Mustafa Deveci
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 17 Палестинци во окупираните Источен Ерусалим (Кудс) и Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на палестински затвореници наведува дека израелските полиција и војска на различни места на Западниот Брег и Источен Ерусалим привеле 17 Палестинци, од кои 10 се приведени во Источен Ерусалим, додека останатите во различни места на Западниот Брег.
Израелските сили речиси секој ден спроведуваат рации во домовите во окупираните Источен Еруслим (Кудс) и Западен Брег, приведувајќи Палестинци под различни изговори.
Според официјалните податоци од Палестина, моментално во затворите низ Израел се наоѓаат околу 6.500 Палестинци, од кои 300 се деца, 12 се пратеници, а 450 се административни затвореници.