Zehra Ulucak
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АНКАРА (АА) - Научниците соопштија дека нивото на снежните врнежи на Антарктикот во споредба со нивото пред 200 години бележи пораст од 10 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Би-би-си, д-р Лиз Томас на Генералното собрание на Европската унија на геонауки (European Geosciences Union General Assembly) ја презентираше студијата соопштувајќи дека забележан е пораст од 10 отсто во нивото на снежни врнежи во споредено со нивото пред 200 години.
Истражувачите велат дека во периодот од 2001 до 2010 година годишно биле забележани 272 милијарди тони повеќе врнежи од снег во споредба со периодот од 1800 до 1810 година.
Томас и нејзиниот тим, кои испитале 79 јадра на мраз ширум Антарктикот, анализирајќи го хемискиот состав на јадрото, откриле не само кога паднал снегот, туку и количината на врнежите од снег.
Поголемиот дел од дополнителниот снег паднал на Антарктичкиот Полуостров каде што во 20. век е забележан значителен раст на температурата.
„Со затоплување на Анктарктикот се предвидуваше атмосферата да содржи повеќе влажност, и тоа да предизвика поголемо количество на врнежи од снег. Нашата студија покажува дека тоа е реализирано“, истакна Томас.
Оваа студија е објавена во списанието „Climate of the Past“ на Европската унија на геонауки (European Geosciences Union).